09-11.12.2009
И оваа година ЕОЅ Матрих зема учество на интернационалниот саем за финансии, деловни можности и економски развој "FINEXPO" на Скопскиот саем, кој годинава се оддржа по седми пат.
На саемот земаа учество 23 банки, осигурителни компании и други финансиски институции, кои ги презентираа своите производи и услуги.
Саемот исто така понуди и можност за размена на информации, идеи и искуства, особено во услови на криза, преку бројни дебати тркалезни маси.
ЕОЅ Матрих беше презентиран на специфичен начин, преку брендирање на целокупниот изложбен простор во кој беа промовирани сите домашни и интернационални финансиски институции.
Брендирањето ги опфати и двата сегмента од концептот на саемот: комерцијално-изложбениот со брендирање на круцијалните позиции како и стручно-едукативниот дел преку дистрибуција на промотивни материјали на учесниците на дебатите и тркалезните маси.