04.10.2011
Денес, во организација на БУЗЗ Комуникации во Скопје се одржа првата конференција на тема Претприемачки оптимизам во Македонија. На оваа конференција успешните бизнис приказни на сопствениците од повеќе македонски компании покажаа дека во Македонија постои и се негува оптимизмот во претприемништвото. Претприемништвото претставува преземање на иновации, финансии и бизнис идеи, со цел поекономично да се произведат економски добра односно да се обезбедат услугите.
Со таа цел ЕОЅ Матрих Македонија беше партнер на овој настан, но немаше директно учество во дебатите. Застапеноста на брендот беше само во маркетиншки аспект преку брендинг на просторот со два roll up банери поставени на видни позиции, избрендирана говорница со логото на ЕОЅ и пригоден репрезентативен материјал за сите присутни на конференцијата. Исто така на влезот од конференциската сала хостесите делеа флаери за Интернационална наплата, а кафе паузите беа покриени со ЕОЅ шеќерни стапчиња и салфети.
Конференцијата со краток пригоден говор ја отвори Министерот за економија на Република Македонија Г-дин Ваљон Сараќини, кој истакна дека зголемувањето на бројот на претприемачите ќе овозможи економски раст и нови работни места. Тоа покрај пристап до ризичниот капитал и поволните кредити, бара и фокусирање на факторите како што се менталниот склоп, преземањето ризик и образованието.