ПочетнаКонтакт

Денови на кариера

Денови на кариера

19-22.04.2010

Со цел да им понуди на компаниите, организациите и студентите платформа каде би можеле да се запознаат, и оваа година AIESEC ги донесе компаниите на територија на студентите, одржувајќи ги 14-ти пат по ред Деновите на кариера на платото помеѓу факултетите за општествени науки при Универзитетот “Св Кирил и Методиј“ Скопје.

Имајќи го предвид фактот дека секоја година учесниици на Денови на кариера се најуспешните компании во земјава, основна цел на AIESEC беше да го зближи корпоративниот сектор со студентите.

ЕОЅ Матрих оваа година трет пат по ред зема свое учество на настанот. И покрај тоа што е млада компанија на македонскиот пазар, сепак за ЕОЅ Матрих не претставува никаква пречка уште на самиот почеток во рамките на својата визија и мисија да го инкорпорира фактот дека во 21 век, најголемиот дел од вредноста на една компанија го сочинува човечкиот капитал. Вработените се оние кои придонесуваат ЕОЅ Матрих да биде секогаш чекор пред другите. Затоа ЕОЅ Матрих инвестира во регрутација, обука и развој на своите вработени.ЕОЅ Матрих активно се вклучува во процесот на обучување на млади кадри и е дел од тимот преку кој на младите луѓе уште во текот на образовниот процес  или по непосредното завршување, им дава можност да се стекнат со практично работно искуство, како форма на реална подготвителна обука што понатаму би го олеснила и приближила процесот на нивното вработување, подготвувајќи ги да се вклучат во реалните работни процеси.

Денови на Кариера, се од една страна можност за компанијата  да се промовира пред студентите, да ги претстави своите можности и што сѐ може да им понуди на студентите за да кон себе ги привлече најдобрите. Од друга страна можност за студентите подобро да ги запознаат компаниите кои функционираат на деловниот пазар,  да го идентификуваат своето поле на интерес и во таа насока да продолжат да ги градат своите кариери.

Секоја година, најмалку десетина апликанти стануваат вработени во ЕОЅ Матрих, а некои од нив беа дел и од едукативниот семинар, каде што го споделија своето искуство со останатите студенти.