15-19.03.2010
Ефективното раководење со Човечки Ресурси претставува посебен предизвик и бара посебни алатки, специјализиран пристап до раководењето како и приближување до професионалните асоцијации, образование и публикации. Во тој поглед ЕОЅ Матрих Македонија зема учество на Е-Саемот за Кариера кој оваа година се одржа по втор пат. Саемот понуди можности за директна комуникација со 10 Раководители за човечки ресурси од истакнати компании, ги претстави последните отворени работни позиции, позициите за стажирање како и мислење за обликот на кратките биографии на кандидатите за вработување.
Саемот беше отоврен со поздравен говор на Амбасадорот на САД во Македонија, господинот Филип Т. Рикер, кој истакна дека особена чест и задоволство му претставува успехот на Националната програма за практикантска работа и вработување за Македонија, развивана во Соеднинетите Држави, а потпомогната од УСАИД Проектот за конкурентност.
За време на саемот 15 образовни институции ги презентираа своите програми, а 30 компании меѓу кои и ЕОЅ Матрих Македонија, ја презентираа својата деловна линија, потребите на персоналот и оптимистимизмот за обука на нови кадри.
За студентите и другите кои имаат потреба од вработување, Е-Саемот за Кариера обезбеди единствена можност за комуникација со
претставници од исклучително познати компании во Македонија, во вистинско време и на вистинско место.
Во оваа пригода тимот за човечки ресурси на ЕОЅ Матрих Македонија, претставуван од Раководителот на секторот за човечки ресурси, госпоѓата Марина Сивакова Тасков и госпоѓица Андријана Кулеванова, асистент во секторот за човечки ресурси, ја презентираше достапноста на способни и квалификувани кадри, што од своја страна е клучен услов за раст и конкурентност на секоја компанија.
Исто така тие беа домаќини на Е-Саемот за Кариера преку форуми за членовите кои учествуваа во главните дискусии, поставуваа прашања, огласуваа слободни работни места, и бараа отоврени работни позиции