12-14.05.2010
Имајќи ги предвид ефектите од кризата врз наплатата, како и стратешката определба на Групацијата ЕОЅ да биде лидер во управувањето со портфолија на долгови, во организација на Регионалниот директор Стојче Тасков, во периодот од 12 – 14 мај 2010 година во Скопје се одржа регионална конференција за поставување нови стандарди во управување со портфолија од долгови кај компаниите кои нудат телекомуникациски услуги на тема “Нови стандарди на телекомуникациски долгови” .
Целта на конференцијата беше утврдување на најдобри тактики во управување со портфолија од телекомуникациските услуги како и ревидирање на тековните пракси и новите применувани технологии. Тоа е основата на која треба да се создаде најдобар унифициран модел, систем од активности и процедури со кои ќе се постигнуваат најдобри резултати во наплатата на долговите во сегментот на телекомуникациските услуги.
“Зачувувањето на стабилен прилив за нашите клиенти е дел од Мисијата на ЕОЅ, што во услови на криза е уште поголем предизвик на кој свесно и совесно мораме да одговориме. Нашиот пристап е систематски и тој опфаќа ревидирање на постапките во комуникацијата, примената на методите, а истовремено воведување на нови технологии и создавање на најдобри пракси во наплатата како долгорочна стратешка определба на ЕОЅ”, истакна господинот Тасков во оваа прилика.