ПочетнаКонтакт english

Новости

Новиот ЕОЅ Journal на 01 септември 2010

25.08.2010

Идеи за управување: Креативноста на вработените може да даде значаен придонес кон успехот на компанијата – прашајте ги и нив... Од животот: Задоволството од водата за пиење...

Посета на Министерот за странски инвестиции на ЕОЅ Матрих

14.06.2010

Министерот за странски инвестиции на Република Македонија, Господинот Веле Самак, денес оствари посета на ЕОЅ Матрих Македонија. Министерот беше пречекан од Регионалниот директор Стојче Тасков, заменик Генералниот директор Ана Николовска и Регионалниот ИТ директор Бранислав Бајловски. На средбата, Министерот изрази интерес за промовирање на контакт центарот на ЕОЅ Матрих како поддршка во делот на обезбедување контакт-центар услуги за кои одредени странски компании пројавиле интерес. За ваквата иницијатива на Министерот, највисокото раководство на компанијата даде генерална согласност.

Новиот ЕОЅ Journal на 01 јуни 2010

01.06.2010

Финансиска заштита: Сѐ поважен системот за предвремено предупредување кај кредитните договори... Пријатен начин на живот: Лето во Баварската престолнина Минхен...

Стојче Тасков именуван за Регионален Директор за Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина

30.04.20010

Во насока на поддршка на организациониот раст и овозможување на понатамошен оптимален развој на Групацијата ЕОЅ, моделот на “Регионални Менаџери” во делот на Источна Европа веќе ја докажа својата вредност. Како резултат на позитивното искуство, овој модел во наредните неколку години ќе се развива и во Западна Европа и Азија. Во иднина регионалните менаџери ќе бидат именувани во “Регионални Директори” и ќе ги поддржуваат и развиваат регионите во соработка со одговорниот Извршен директор од KG EOS Holding.

Како дел од овој модел, од 01 март 2010 година, за Регионален Директор за регионот на Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина е именуван Стојче Тасков, Генерален директор на ЕОЅ Матрих Македонија.

Истовремено, досегашниот Оперативен директор на ЕОЅ Матрих Македонија М-р Ана Николовска е именувана и за Заменик генерален директор на ЕОЅ Матрих Македонија.

 

ЕОЅ Матрих сертифициран со ISO/IEC 20000

26.04.2010

Како резултат на успешност, посветеност и професионалност во работењето ЕОЅ Матрих Македонија се стекна со Сертификат за меѓународен стандард за управување со ИТ услуги ISO/IEC 20000. Овој сертификат е доказ дека ЕОЅ Матрих, водечката финансиска компанија во Македонија на полето на алтернативно финансирање, ги исполнува сите меѓународни услови со кои гарантира сигурност и севкупност на информaционите системи при обезбедувањето на финансиските услуги за Вас.

Следејќи ги современите трендови во ИТ индустријата, а со цел унапредување на квалитетот на ИТ услугите во рамките на финансиските услуги што Ви ги обезбедуваме, како и на ИТ услугите во рамките на интерното работно опкружување, ние во ЕОЅ Матрих го имплеметиравме ISO/IEC 20000 кој е еден од најценетите стандарди во ИТ индустријата.

ЕОЅ Матрих како носител на ISO/IEC 20000 сертификат на своите деловни партнери и клиенти им гарантира работење во согласност со меѓународно признатите искуства во ИТ технологијата, притоа осигурувајќи високо квалитетни финансиски услуги.