24.09.2011
Минатогодишниот тим билдинг настан остави позитивни импресии врз сите вработени во ЕОЅ Матрих Македонија и затоа одделот за човечки ресурси и одделот за маркетинг се потрудија и оваа година втор пат по ред, да приредат интересни игри и незаборавно целодневно дружење за сите вработени во компанијата.
Тимското дружење се случи на 24 септември 2011 во дворот на прекрасниот ресторан Маргер, во близината на градскиот парк во Скопје. Во прекрасна атмосфера, со мала закуска и пијалaк, тимовите уште еднаш го покажаа својот тимски дух и ги одмерија своите сили во едно фер и колегијално дружење.
Игрите беа многу интересни и забавни, а истовремено и вообичаени за еден ваков настан: игра со цигли каде што никој од учесниците не смее да стапне на тревата, постојано мора да ги префрлуваат циглите една по друга подавајќи си ги и да гази на нив; трчање со јајце во лажица – секој натпреварувач во устата држи рачка од лажица во која лажица има јајце кое не смее да падне сè додека натпреварувачот не ја заврши играта; трка со вреќи каде што двајца натпреварувачи со по една нога (едниот со левата, а другиот со десната) влегуваат во вреќата и синхронизирано трчаат преку целиот терен без да паднат; игра со цевки – да се донесе топчето до целта тркалајќи го само со помош на цевките но притоа никако не смее да се допре со рака; игра со балони – натпреварувачите играат со еден балон помежу нивните тела и еден меѓу нозете, со секој круг се зголемува бројот на натрпеварувачите но притоа и бројот на балоните помеѓу натпреварувачите кои никако не треба да паднат за време на целата игра, а притоа секако не смее да се асистира со раце.
Во тимски дух победи екипата именувана како F&M (Female & Male), а наградата за сите членови на тимот беше релаксациона масажа на тело.
Ние, ЕОЅ Матрих, искрено го препорачуваме тим билдингот како нешто со што компанијата може да ги награди своите вработени, а воедно и да допринесе за подобрување и развој на еден од најважните ресурси во работењето – луѓето кои работат во компанијата.



06.12.2010
По мал застој во бодовната разлика, во петокот (03.12.2010) во салата Борис Трајковски, екипата на ЕОЅ Матрих извојува победа над екипата на ВИП Оператор.
Во текот на овој фер и максимално коректен натпревар играта беше под целосна контрола на играчите на ЕОЅ Матрих, а својата ефикасност и желбата за победа ја валоризираа и со крајниот резултат 2:0 (1:0).
За играч на натпреварот беше прогласен фудбалерот на екипата на ЕОЅ Матрих, Блаже Дуковски.



04.11.2010
Вчера вечер во салата Борис Трајковски, пред исклучително голем број навивачи на трибините резервирани за ЕОЅ Матрих, беше одигран и третиот натпревар во Бизнис лигата. Овој пат екипата на ЕОЅ Матрих за свој противник ја имаше поискусната екипа на Телеком која натпреварот го заврши во своја корист 4-2 (1-1).
По изедначената игра помеѓу двете екипи прва поведе екипата на ЕОЅ Матрих. Пресвртот во играта и во бодовната разлика беше реализиран во вториот дел од натпреварот кога среќата беше на страната на противникот, а секако и благонаклонетоста на судијата кој во неколку наврати како да беше шестиот играч во тимот на Телеком. Но во име на спортскиот фер плеј, природно е да се претпри и по некој пораз.



27.10.2010
Пред значително побројна публика во вториот натпревар од Бизнис лигата тимот на ЕОЅ Матрих уште еднаш ја потврди својата амбиција да биде меѓу најдобрите. Во прекрасна навивачка атмосфера, вчера вечер во салата Борис Трајковски го одигра натпреварот против екипата на EVN, натпревар во кој не недостасуваа силна мотивираност, добри акции, контранапади и неизбежни дуели.
По водството на екипата на EVN во првото полувреме, вториот дел од натпреварот беше резервиран за физички подобро подговениот тим на ЕОЅ Матрих кој заслужено направи пресврт во резултатот и натпреварот го заврши со победа 1-3 (1-0). Својата енергија и на оваа средба не ја штедеше центарфорот Раде Пигуловски, кој постигна два од трите погодоци за ЕОЅ Матрих. Честитки за одличната борбена игра на фудбалерите и незапирливата одбрана на голманот.


22.10.2010
Вчера вечер во салата Борис Трајковски во интересен и динамичен натпревар екипата на EOS Mатрих на гостински терен кај Sparkasse Bank го одигра првиот натпревар во рамки на Бизнис лигата и ја извојува својата прва победа.
Тимот на ЕОЅ Матрих во секој случај покажа подобар фудбал, а како што изјави и организаторот најверојатно и повеќе ја посакуваше победата за да на крај заслужено се избори за неа и натпреварот го заврши со победа од 5-2 (2-2). Момчињата од тимот се вложија максимално и со голема пожртвуваност особено преку добрата одбрана на голманот Александар Георгиев и незапирливиот центарфор Раде Пигуловски кој постигна дури 3 погодоци.
12.06.2010
Во рамките на тимските активности на компанијата ЕОЅ Матрих Македонија, на ден 12.06.2010 во дворот на Хотелот Белви во близина на Скопје, се одржа Team Building дружење со цел развивање на тимскиот дух во позитивна работна средина на вработените во компанијата.
Во Team Building-от беа опфатени 5 тимски игри чија цел беше подобра комуникација, континуирано унапредување на меѓучовечките односи, создавање на доверба помеѓу вработените како и намалување на стресот на работното место. Како активности кои придонесуваат кон подобрување на работната способност, освен рекреативниот дел како дополнителна содржина по завршувањето на натпреварите следеше подготувањето салати и печењето скара за двата тима кои се пласираа на претпоследното и на последното место.
Наградата за победничкиот тим беше целовечерно тимско дружење во Caffe CIAO, заедно со дел од супервизорскиот тим.



Игра во која земаат учество по двајца натпреварувачи од секој тим. Едниот како директен учесник, а другиот како негов асистент – насочувач. Натпреварувачот со заврзани очи за 15 минути, но со помош на насоките кои ги добива од асистентот од својот тим има за задача успешно да се движи кон центарот на кругот, притоа не нагазнувајќи ги чашите полни со вода (мините) покрај кои поминува, а иствремено собирајќи топчиња кои се расфрлани по полето. Оној кој за 15 минути најбезбедно ќе собере повеќе топчиња и ќе му ги однесе на соиграчот од својот тим е победник.



Во оваа едноставна игра која на сите нам ни била неизбежен дел од детството, земаат учество по двајца натпреварувачи од секој тим, а нивното учество во играта трае сѐ додека самите не се елиминираат. Победник е оној кој најдолго ќе успее да го врти хулахопот околу своето тело.



Во оваа игра земаат учество по двајца натпреварувачи од секој тим кои имаат задача да танцуваат, за почеток танго, потоа салса и како играта се наближува кон крајот, така ритамот на музиката се забрзува. За време на танцот потпрено меѓу главите на натпреварувачите стои по едно живо јајце. При играњето јајцето не смее да падне, во спротивно тој пар излегува од игра. Победник во оваа игра е парот кој најдолго ќе успее да танцува без да го испушти јајцето.


Трката со вреќи е натпреварувачка игра во која секој од натпреварувачите, влегува во вреќата со двете нозе и држјќи си ја вреќата на струкот со двете раце скока во неа од стратната позиција до целта. Победник е оној натпреварувач кој прв ќе стигне на целта.



Игра во која истовремено играат два тима. Секој тим има по три минути за да направи 3 обиди. Играта започнува со тоа што еден учесник од тимот го пушта топчето од почетната линија, а останатите со помош на цевките го насочуваат со цел истото да го внесат во целта. Освен оној што иницијално го пушта топчето, останатите не смеат да го допрат со рака. Доколку се случи тоа тимот се дисквалификува. Победник е оној тим кој од помалку обиди ќе ја постигне целта.
26.04.2010
Во рамките на тимските активности вработените во ЕОS Матрих, формираа сопствен фудбалски тим со кој учествуваат на натпреварите во мал фудбал, во корпоративниот турнир “Дриблинг” во која својата можност за успех ја гледаат повеќе компании од Скопје.
На вчерашниот натпревар против АВТ Интернационал, тимот на ЕОЅ Матрих и покрај својата пожртвуваност, натпреварот го заврши со резултат 2:2, со головите на Кирил Јованчев и Шенол Мусли.
Следниот натпревар е закажан за наредната недела, против тимот на ТИМ Поинт, а победата или нерешениот резултат, го носи тимот на ЕОЅ Матрих во следните квалификации за 12-те најдобри.