
Сакате да бидете дел од успешниот тим на ЕОЅ Матрих?
Сакате да работите по стандардите на водечките светски компании?
Сакате да учите од експерти во својата област?
Ве молиме разгледајте ги тековно отворените позиции и пријавете се за некоја од нив. Доколку нема тековни огласи, испратете ни ја вашата биографија, која потоа влегува во нашата база на податоци и ќе биде разгледана кога ќе се укаже потреба од тоа.
Процесот на регрутирање и селекцијата на кандидати во ЕОЅ Матрих е дефиниран на начин кој овозможува подеднаква можност за вработување на сите кандидати. Вработените се најважниот фактор за нашиот успех и затоа на процесот на регрутирање и селекција му пристапуваме многу сериозно.
Првиот чекор во селекцијата е да ја пополните Aпликацијата за вработување, која ќе ја најдете во делот Тековни огласи и да ја испратите на mk-hr@eos-matrix.com
Вториот чекор е интервју кое е вистинска можност да се запознаеме и да ги процениме Вашите способности и вештини, а за Вас претставува можност да поставите прашања за нашата компанија и за позицијата за која сте се пријавиле.