ПочетнаКонтакт english

Студентска пракса

ЕОЅ Матрих го поддржува развојот на младите и активно учествува во иницијативи огранизирани од студентите. Соработува и е партнер со USAID “Моја Кариеира” и AIESEC интернационална платформа за откривање и развој на сопствениот потенцијал. ЕОЅ Матрих активно се вклучува во процесот на обучување на млади кадри преку кој на младите луѓе уште во текот на образовниот процес  или по непосредното завршување, им дава можност да се стекнат со практично работно искуство, како форма на реална подготвителна обука што понатаму би го олеснила и приближила процесот на нивното вработување, подготвувајќи ги да се вклучат во реалните работни процеси.

ЕОЅ секогаш умее да им понуди најдобри можности на студентите практиканти за да кон себе ги привлече најдобрите. Од друга страна студентите имаат можност подобро да ја запознаат компанијата и како таа функционира на деловниот пазар,  да го идентификуваат своето поле на интерес и во таа насока да продолжат да ја градат својата кариера.

Можност за пракса имаат:

  • Студенти од III и IV година
  • Апсолвенти
  • Дипломци

Бенефиции:

  • Интегрирање во работна средина
  • Инволвирање во работни процеси
  • Раст и развој
  • Можности за соработка

Ако сте заинтересирани да стекнете студентска пракса во ЕОЅ Матрих, ве молиме да ја пополните Пријава за практикантска работа или испратете ваша биографија на mk-hr@eos-matrix.com или на нашата адреса:

            ЕОЅ Матрих д.о.о.

            Оддел за човечки ресурси

            Ул. Ленинова 1, Градски Стадион

            1000 Скопје