ПочетнаКонтакт english

Mенаџмент

Зад сцената

Стојче Тасков

Генерален менаџер Стојче Тасков e еден од основачите на Групацијата ЕОЅ Матрих, Генерален Директор на ЕОЅ Матрих Македонија и Регионален Директор на Групацијата ЕОЅ за Балканот. Роден во 1975 година, дипломира Правни науки во полето на меѓународно право, а професионалната кариера ја започнува уште во студентските денови во програмите за студентска размена и усовршување работејќи во лизинг компанија во САД. По завршувањето на студиите, започнатата пракса во финансискиот свет во САД ја продожува во Македонија работејќи како кредитен референт во различни банки во Македонија и регионот под покровителство на финансиската програма на Германско–македонскиот кредитен фонд (KFW).
Својата кариерата во светот на финансиите, етаблирана на професионалното искуство во корпоративното кредитирање и лизинг ја надополнува со работното искуство на проекти како што е основачкиот проект на Македонскиот центар за процесирање на електронски парични трансакци (НПК), а понатаму кариерата ја продожува работејќи со кредитирање на население во Интернационална Приватна Банка Скопје (ИПБ).
Во Март 2003 година во соработка со партнери од Грција и Велика Британија ја основа првата македонска компанија за управување со кредитни ризици и наплата на спорни и ризични пласмани која во 2005 година ќе се припои кон германскиот финансиски гигант ЕОЅ и од тогаш управува со растот и развојот на Групацијата ЕОЅ Матрих во Македонија и во регионот.
Професионалниот фокус му е насочен кон финансирање - откуп на ризични кредитни пласмани, стратешко управување, спојување и преземање (М&А) и управување со кредитни ризици во банкарскиот и телекомуникацискиот сектор.

Ана Николовска

Оперативен директор М-р Ана Николовска во март 2006 година ги заврши своите ангажмани како сениор финансиски експерт на проекти на Европската Унија, со цел да ја превземе функцијата на Оперативен директор на ЕОЅ Матрих Македонија. Од јануари 2010 година, покрај таа функција, ја извршува и функцијата на Заменик генерален директор на ЕОЅ Матрих Македонија. М-р Николовска својата кариера ја започна во поранешна Македонска банка. Во наредните три години, по завршувањето на магистерските студии на економски науки и меѓународни финансии на Универзитетот на Исланд во Рејкјавик, кариерата ја продолжи во банкарскиот сектор во Македонија и Србија во сегментот на кредитирање и анализа на ризик. Две години пред доаѓањето во ЕОЅ, беше ангажирана на ЕУ проекти за техничка поддршка на државните институции во делот на макро-финансиските теми: развивање можности за финансирање мали и средни претпријатија; како и модернизација на внатрешната ревизија и контрола.

Катерина Бошевска

Финансов директор Катерина Бошевска во ЕОЅ Матрих Македонија е на функцијата Финансиски директор, а истовремено и CFO за регионот на Источна Европа II - Скопје, Белград, Загреб, Сараево и Љубљана.
Своето стручно знаење во областа на финансискиот менаџмент го гради како дипломиран економист, отсек монетарна економија, како и на постдипломските студии во областа на меѓународно оданочување. Во текот на својата кариера посетува бројни тренинзи, обуки и конференции од областа на финансиското управување, организирани од меѓународни организации и компании.
Својата кариера Бошевска ја започнува како експерт за финансии и набавки во проекти на Светската Банка и Европската Банка за обнова и развој, a подоцна и како самостоен финансиски консултант за поддршка на малите и средни претпријатија преку финансиски консултации и подготовка на бизнис инвестициони планови. Во периодот што следи работи како независен финансиски експерт од Република Македонија и е ангажирана на првиот IPA проект.
Кариерата во ЕОЅ Матрих ја започнува во 2006 година и континуирано напредува заедно со растот на компанијата. Од самиот почеток во ЕОЅ ја презеде комуникацијата со централата во Хамбург во однос на сите финансиски прашања. Во фокусот на нејзиниот интерес се контролата на финансиите, координација и развој на бројни извештаи од регионот кој го покрива за врвниот менаџмент на ЕОЅ.

Марина Сивакова Тасков

Раководител на сектор за човечки ресурси Марина Сивакова Тасков своето образование го стекнува на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје на институтот за Социјална работа и социјална политика при Филозофскиот факултет.
Својата кариера ја започнува во Лондон, каде оди да го доусоврши англискиот јазик, а по враќањето во Македонија се вработува во компанијата Електоринвест. Во 2003 година се приклучува кон тимот на ЕОЅ Матрих Македонија во почетокот како раководител на канцеларијата, а во 2004 година е промовирана како Раководител на секторот за човечки ресурси.
За проширување на знаењето во областа на своето работење Марина Сивакова Тасков има посетувано многу обуки и тренинзи организирани од деловно-образовни институции чија главна дејност е управување со човечки ресурси.

Бранислав Бајловски

Раководител на IT сектор Бранислав Бајловски својата кариера ја започнува во 2000 година, како програмер на напредни финансиски решенија на Microsoft Navision во Македонија, Јava програмер во локални македонски компании, како и администратор на бази на податоци. Надоградбата на кариерата ја продолжува како самостоен раководител на ИТ проекти. Соработува претежно со невладини организации во областа на информационите системи за екологија и мултимедија, како и од областа на компјутерските мрежи.
Во средината на 2004 година, Бајловски е ангажиран како Администратор на ИТ системите на ЕОЅ Матрих Македонија, сѐ до 2006 година кога е назначен за ИТ Менаџер за ЕОЅ Матрих Македонија. Во 2010 е назначен за CTO на ЕОЅ Матрих за Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Црна Гора.
Бајловски e роден 1981 година. Во 2003 година станува еден од ретките сертифицирани Java програмери на SUN во Македонија (SCJP). Своите способности од проектниот менаџмент ги формализира преку PMI сертификација во 2008 година, а 2009 година станува внатрешен ревизор за ISO/IEC 20000.

Весна Костовска

Раководител на правна служба Весна Костовска во 1991 година дипломирала на Правниот Факултет во Скопје, а во 1995 година го положила и правосудниот испит. Во наредните две години работи како волонтер во областа на граѓанското право и како стручен соработник за стопанско, извршно и кривично право.
Од 1997 до 2002 година работи како самостоен адвокат во областа на стопанското и кривичното право, а истовремено е и Секретар на здружението на жени правници на Македонија, Темис.
Во текот на својата кариера има посетено многу конференции, семинари и работилници од областа на стопанското право и заштита на човековите права. Костовска има активно учество во многу проекти меѓу кои и во развојот на проектот “Трговија со луѓе”.
Во 2005 година Весна Костовска станува дел од тимот на ЕОЅ Матрих како раководител на одделот за правни работи.