ЕОS Mатриx ú припаѓа истовремено на тесно преплетената регионална мрежа и на глобалната ЕОЅ група. Тоа ја утврдува нашата уникатна позиција на водечка фирма од подрачјето на менаџмент на долгови во Југоисточна Европа. Преку нашите канцеларии во Атина, Софија, Скопје и Белград ги поседуваме длабоките познавања на локалните легални и културни начела. Ова е суштествено за еден такво прекугранично раководење со долгови и претставува главен учинок во поглед на ефикасноста. Каде и да се наоѓаат Вашите должници, нашите професионални лица ќе Ви помогнат во постигнување на посакуваните резултати.
Нашата понуда обезбедува прилагодени и интегрирани финансиски решенија како за приватни клиенти така и за претпријатија. Благодарение на долгогодишно специјалистичко искуство, ние имаме развиено ефикасни процеси за раководење со побарувања – почнувајќи од комуникацијата со должникот и наплата па сé до преземање на правни чекори со посредство на за тоа специјализирани правни фирми.