ПочетнаКонтакт english

Прес

Групацијата ЕОЅ продолжува со континуиран раст

Хамбург, 1 Септември 2010

Наспроти глобалната финансиска и економска криза, Групацијата ЕОЅ во 2009/10 оствари подобар резултат од минатата година, па така добивката пред оданочување изнесува 61,6 милиони евра во финансиската година 2009/10 - во споредба со 61,1 милиони евра во 2008/09. Консолидираната продажба генерирана од интернационалните понудени услуги за управување со побарувања, маркетинг, информации за ризици, како и платежни услуги е зголемен за 16,7 милиони евра од вкупни 314 милиони евра, што претставува стапка на раст од 5,6%. Hans-Werner Scherer, Претседател на одборот на директори на Групацијата ЕОЅ, објаснува: “Квалитетот на нашите услуги – дури и во тешки околности – е доволен за да ги убеди нашите клиенти. Ќе продолжиме да се фокусираме на тој аспект.”

Продажбата на Групацијата ЕОЅ на германскиот пазар порасна за 1,7%, односно од 180,7 милиони евра во минатата година на тековно ниво од 183,7 милиони евра. Германскиот удел во вкупната продажба е 58,5% (60,7% во 2008/09).

Во претходната финансиска година, Групацијата ЕОЅ го продолжи својот раст на пазарите во Западна Европа. Порастот од 18,4% во продажбата, кој доведе до продажба од 55,2 милиони евра (46,6 милиони во 2009/2010), е резултат пред сè од 100% преземање на EOS Acción de Cobro España S.A од шпанската Banco Pastor Group во Септември 2009. Белгиската компанија како и три швајцарски компании кои се исто така позитивен придонес во продажбата. Во Источна Европа, ефектите од финансиската криза се евидентни. Додека претходните финансиски години беа одбележани со динамичен раст, поради тешките економски околности продажбата во компаниите на ЕОЅ во Источна Европа падна за 9,2% односно на 35,2 милиони евра (38,8 милиони евра во 2008/2009).

Групацијата ЕОЅ се спротивстави на тешкиот економски тренд на американскиот пазар и значително ја зацврсти својата конкурентска позиција – меѓу другото поради преземањата – зголемувајќи ја својата продажба за 26% на 39,2 милиони евра.

Растот ќе продолжи да ги дефинира стратегиите на ЕОЅ и во иднина. Додека во Германија, Западна Европа и САД се очекува продолжување на цврстиот развој, во Источна Европа се претпотавуваат значителни подобрувања на профитот. ЕОЅ останува верен на своите цели за постигнување или одржување на највисоките три позиции во сите релевантни земји во наредните неколку години.

“A” рангирање за Групацијата ЕОЅ по шести пат

Хамбург, 30 Август 2010

По шести пат едно по друго, ревизорската куќа Euler Hermes Rating GmbH ја награди со оценка “A” Групацијата ЕОЅ. Ова значи дека агенцијата ја позиционира Групацијата ЕОЅ над просеокот во однос на кредитната способност на компаните кои се составен дел на стопанството во целост.

Главни фактори кои придонесоа за ова рангирање беа исклучително високата и постојана профитабилност на Групацијата ЕОЅ, долгогодишното искуство во откупот на побарувања, водечката позиција во Германија и својата силна присутност во Источна Европа. Високиот квалитет во управувањето со трансакциите во оперативните активности и добриот раководен тим, исто така, беа убедливи аргументи за рејтингот од страна на агенцијата. Во извештајот исто така се истакнува квалитетот, резултатите и угледот на методите за наплата на побарувања од Групацијата ЕОЅ како еден од клучните фактори за успехот на оперативните активности.

Квалитетот како цел на стратегијата на ЕОЅ е оценет како убедлив од страна на агенцијата, а проценителите очекуваат рејтингот да остане стабилен и во текот на наредните дванаесет месеци. “Оваа оценка е доказ дека ние сме се соочиле со предизвиците на пазарот во минатото и дека и во иднина ќе продолжиме да бидеме сигурен партнер за нашите клиенти и покрај тешката економска состојба”, изјави Justus Hecking-Veltman, член на Oдборот на директори и Главен финансиски директор во ЕОЅ Групацијата. “Покрај тоа, оценката во извештајот јасно покажува дека ЕОЅ е во добра позиција за спроведување на интернационалната стратегија за раст”, додава господинот Justus Hecking-Veltman.

Партнерство помеѓу IFC и Групацијата ЕОЅ за справување со нефункционалното кредитирање во Централна и Источна Европа

30.06.2010

Москва, Русија - IFC, член на Групацијата на Светската Банка, го објави стапувањето во партнерство со ЕОЅ Групацијата од Хамбург Германија, со цел лоцирање на растечкиот проблем на нефункционалните кредити во Централна и Источна Европа и обезбедување помош во обновување на корпоративното кредитирање како и кредитирањето на населението.

ЕОЅ и IFC резервираа близу 100 милиони долари за ко-финансирање на настанатите неповолни долгови и нивно решавање. Во период од три години, IFC и ЕОЅ очекуваат да го решат нефункционалниот долг во износ од 2 милјарди долари. Активностите првенствено ќе се фокусираат на Русија каде што нефункционалните кредити се со проценета вредност од околку 50 милјарди долари. IFC и ЕОЅ се договорија заеднички да инвестираат во долговите на населението во Русија, а средствата ќе бидат управувани од локалната подружница на Групацијата ЕОЅ. Се очекува, заедничката инвестициска програма да се прошири и на други пазари во регионот.

“Огромно е нашето задоволство да бидеме партнери со IFC”, изјави Justus Hecking-Veltman, член на Одборот на директори на Групацијата ЕОЅ и Генерален директор за финансии. “Оваа заедничка инвестиција ќе овозможи раст на нашиот бизнис на пазарите што се најтешко погодени од финансиската криза преку поделба на ризкот, а во соработка со силен партнер”. Групацијата ЕОЅ која е во сопственост на Отто Групацијата има повеќе од 30 години искуство во наплата на побарувања и е лидер на пазарот во повеќе земји од Централна и Источна Европа.

Во оваа прилика Снежана Стоиљковиќ, директор во IFC за Централна и Источна Европа изјави: “Справувањето со лоша актива е клучна компонента на одговорот на IFC кон финансиската криза. Запирањето на нефункционалното кредитирање ќе помогне банките да продолжат да обезбедуваат пристап кон финансирање на компаниите и наслението, што е суштински дел за закрепнување на економијата”.

Оваа иницијатива е дел од програмата на DARP (Director and Asset Recovers Program), започната од IFC за време на годишната средба на Групацијата на Светската Банка во Октомври 2009 година. IFC ќе придонесе со средства до 1,55 милјарди долари во оваа програма за период од три години и очекува мобилизација на дополнителни средства од други финансиски институции како и партнери од приватниот сектор. DARP инвестира директно во бизниси кои имаат потреба да го реструктурираат долгот, лошата актива како и да ги реструктурираат финансиските средства. Програмата исто така индиректно инвестира преку заеднички наменски фондови. До денес преку DARP се склучени повеќе договори во Европа и Централна Азија, Источна Азија, како и Латинска Америка и Карибите.

IFC

IFC (International Finance Corporation) членка на Групацијата на Светска Банка создава можности за луѓето да излезат од сиромаштијата и да ги подобрат своите услови за живеење. Ние ја поттикнуваме одржливоста на стопанскиот раст на дражавата преку поддршка на развојот на приватниот сектор, мобилизирање на капиталот за приватните компании, како и давање совети за намалување на ризиците од услугите на правните субјекти и на владата. Нашите нови вложувања изнесуваат 14,5 милијарди долари во фискалната 2009 година, помагајќи ги каналите на капитал во земјите во развој во време на финансиската криза. За повеќе информации посетете го нашиот сајт: www.ifc.org

Групацијата ЕОЅ

Групацијата ЕОЅ е водечки интернационален добавувач на услуги по мерка, покривајќи го животниот циклус на деловниот однос со клиентот – од стекнување на клиенти до процесирање на електронско плаќање, наплата и откуп на побарувања. Основната дејност на Групацијата ЕОЅ е управување со побарувања. ЕОЅ е обврзан на високи стандарди во наплатата на побарувања за да ги заштити кредиторите и потрошувачите. Со повеќе од 4000 вработени во преку 40 подружници, ЕОЅ опслужува 20,000 клиенти во повеќе од 20 земји ширум светот. Повеќе информации на: www.eos-solutions.com

ЕОЅ Групацијата го презема True North AR во САД

Хамбург, 5 Мај 2010

Од 30 Април 2010, интернационалната Групација ЕОЅ, дел од Групацијата OTTO, го презема 100% уделот во aмериканската компанија True North AR, LLC. Основана во 1968 година, True North AR нуди решенија за развивање на приходи од здравствена заштита и услуги за наплата на побарувањата на окружните и општинските судови, сојузната влада како и на останати субјекти од јавниот и приватниот сектор. Hans-Werner Scherer, Претседател на бордот на директори во Групацијата ЕОЅ, истакна: “Со оваа инвестиција, Групацијата ЕОЅ уште повеќе ја зацврсти својата позиција на пазарот во САД меѓу компаниите кои нудат услуги од областа управување со побарувања.” Преземањето ја исполни компонентата на географската стратегија на компанијата која вклучува присуство и на западното крајбрежје на САД (Калифорнија). Господинот Scherer додаде: “Компанијата има високо-профитаблина дејност, со оваа зделка ние го зголемуваме нашиот приход. Исто така го унапредуваме степенот на нашите услуги и веќе воспоставените деловни односи на ЕОЅ во САД.” Дополнително, експертите од оваа област се приклучија во една од постоечките подружници во САД, ЕОЅ CCA. Во рамките на оваа инвестиција ЕОЅ презема 120 вработени од True North AR, повеќемина од нив вработени во канцелариите во Новато и Сакраменто во Калифорнија. Manoj Sharma, ќе остане на својата позиција Главен извршен директор.

Групацијата ЕОЅ

Групацијата ЕОЅ е водечки интернационален добавувач на услуги по мерка, покривајќи го животниот циклус на деловниот однос со клиентот – од стекнување на клиенти до процесирање на електронско плаќање, наплата и откуп на побарувања. Основната дејност на Групацијата ЕОЅ е управување со побарувања. ЕОЅ е обврзан на високи стандарди во наплатата на побарувања за да ги заштити кредиторите и потрошувачите. Со повеќе од 4000 вработени во преку 40 подружници, ЕОЅ опслужува 20,000 клиенти во повеќе од 20 земји ширум светот. Повеќе информации на: www.eos-solutions.com

“А” рангирање за ЕОЅ Групацијата

Хамбург, 9 ноември 2009 

По петти пат едно по друго, реномираната ревизорска куќа Euler Hermes Rating GmbH ја награди со оценка “А” Групацијата ЕОЅ. Ова значи дека агенцијата ја позиционира Групацијата ЕОЅ над просеокот во однос на кредитната способност на претпријатијата кои се составен дел на стопанството во целост.

Клучни фактори во ова оценување беа исклучително високата и издржлива моќ на заработувачка, цврстата позиција на пазарите каде што функционира како и високиот квалитет и ефикасност во раководењето на трансакциите во општите деловни операции. Агенцијата за рангирање беше исто така убедена  во силниот внатрешен потенцијал за рефинансирање како и многу високиот степен на финансиска флексибилност. Извештајот за рангирање го истакна долгото искуство во откуп на побарувања користејќи ефикасни аналитички методи, ефективниот пресметан ризик, активностите околу мониторингот и успешната наплата на побарувањата користејќи ги методите на ЕОЅ.

Ревизорите од агенцијата ja оценија како исклучително уверлива стратешката насока на Групацијата ЕОS во полето на менаџирање со побарувања и очекуваат дека овој рејтинг ќе го одржи стабилниот тренд и во следните дванаесет месеци. “Оваа оценка потврдува дека сме способни да им излеземе во пресрет на моменталните предизвици на пазарот и дека сме сигурен и доверлив деловен партнер, дури и во тешки економски услови”, изјави Justus Hecking-Veltman, член на одборот и главен финансиски директор во ЕОЅ Груп. “Оценката исто така ги отсликува нашите можности за раст, како во Германија така и надвор од неа, и потврдува дека стратегијата на ЕОЅ е на вистински пат”, додава господинот Justus Hecking-Veltman.

Факти за Групацијата ЕОS

Со повеќе од 4000 вработени во повеќе од 20 земји, Групацијата ЕОS, членка на ОТО Групацијата, е една од водечките компании за финансиски услуги во Европа. Повеќе од 40 оперативни компании во Групацијата се активни во областа на менаџирање со побарувања, маркетинг консалтинг и информации за ризиците како и во сегментот на платежни услуги. Oпслужуваат повеќе од 20.000 клиенти низ целиот свет – од банки и осигурителни компании, индустријата за производство, јавни комунални служби, телекомуникациски и ИТ компании.

За подетални информации посетете го сајтот www.eos-solutions.com

Фирмите стануваат проблематични, немале пари...Граѓаните редовно си ги плаќаат кредитите и во криза

03.11.2009

Македонските граѓани си ги плаќаат кредитите и во криза. По летниот период кога дисциплината на должниците се влошила, наесен одново бележи тренд на подобрување. Од компанијата ЕОС која менаџира околу 150.000 должници месечно велат дека нашите граѓани и покрај општото поскапување на каматите ги исполнуваат обврските кон банките. - Може да се каже дека македонските граѓани имаат развиена морална свест за плаќање на своите долгови, па и покрај кризата, наплата е добра, а деликвенцијата во стандарден мал процент - вели Стојче Тасков, главен менаџер на ЕОС Матрикс.

Но, ситуацијата е поинаква кај фирмите. Заради падот на побарувачката и влошените услови на пазарот на капитал се отвораат должнички кругови. Нередовните плаќачи пораснале за 5 до 10%.- Пристапот до финансии е отежнат, ликвидноста е нарушена, па фирмите, оние кои имаат намера да платат, често пати бараат репрограмирање на долговите - вели Тасков.Според податоците на Народната банка, учеството на ризичните кредити во вкупното кредитно портфолио на банките пораснало за 1,2 процентни поени во однос на крајот на 2008 и на половина од годината достигнало 7,6%.Во анкета за Државниот завод за статистика менаџерите на претпријатијата јавувааат за пад на побарувачката од странство, отежнат пристап до финансии и економска неизвесност.

Извор: TV Сител



Деловен однос со кој добивате повеќе време за вашата основна дејност...