Нашите екстензивни услуги на раководење со побарувања опфаќа наплата на долгови од приватни должници како и наплата од фирми. Почнувајќи со потсетници за плаќање, преку телефонска комуникација и посета на должникот на терен па сé до овластување на специјализирана правна фирма.
Легални акции за покренување на наплатата на долгови претставува процес кој е поврзан со големи трошоци и честопати успехот изостанува. Поради тоа наш приоритет е вонсудско средување на проблемот. Ние ги исцрпуваме сите можности, контактираме и преговараме со Вашите должници. Ние настапуваме пријателски но одлучно и со потребното стручно искуство и знаење потребно за постигнување на посакуваниот резултат.
Ако Вашиот клиент се претвори во должник, ризикот е двостран. Не само што Ви се заканува губење на побарувањата, туку може да го изгубите и клиентот ако појдете на суд. Ние ви помагаме да ги задржите добрите односи со Вашиот деловен партнер, дури и во комплицирани околности.
Откупот на долгови претставува едноставно потсетување за постигнување на поголема ликвидност. Со пренесувањето на побарувањата на вашиот должник на ЕОЅ, Вие непосредно ќе го зголемите Вашиот прилив на готовина и тоа по поволни услови.
Доколку сакате, ние ги купуваме вашите севкупни побарувања од должниците – како актуелни долгови така и побарувања кои што веќе се отпишани или пак за кои се преземени легални чекори. Ние можеме да ги преземеме Вашите побарувања во било кој статус да се наоѓаат тие, без разлика дали тие се во фазата на вонсудско преговарање или пак веќе во судска постапка.
Мултилингуално постапување со предметите
Специјализирани кореспонденти на локалните пазари
Познавање на разликите во легалните системи и валутните регулативи
Вонсудска наплата на долгови по пат на телефонски разговори и тоа на локалниот јазик
Редовен извештај за актуелните состојби
Проценливи трошоци на ризикот