ПочетнаКонтакт english

Советување и обука

Учете директно од експертите

Преглед на процесите на наплата

Нашите искусни советници спроведуваат ревизија на Вашите постоечки процедури на наплата на долгови и го испитуваат процесот на наплата на долгови кој што е вообичаен во Вашата организација.
Ние го поседуваме интернационалното искуство за да можеме да даваме извештаи на препорака со цел постигнување на поголема ефективност и успешност во процесите на наплата на долговите.

Тренинг за наплата на долгови – ЕОС Aкадемија

Ние нудиме широка палета на семинари кои што можат да Ви помогнат во раководењето со побарувања. Програмата содржи телефонска комуникација и техники на преговарање. Таа се фокусира на зголемена ефикасност и ефективност при наплатата на долгови, истовремено одржувајќи состојба на задоволен клиент и добра деловна соработка.

Тренингот ги покрива осумте чекори од процедурата на наплата на долгови: јавување по телефон, најголемата причина за прекршоци, техниките на преговарање и тешкотиите при разрешување на проблемите. Информацијата се презентира преку таканаречено играње на улоги, дискусии како и со помош на други интерактивни методи.